Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест во Скопје барајќи фер третман за полициските службеници кои се под истрага за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од синдикатот порачаа дека бараат правда за сите жртви во пожарот, меѓу кои и нивниот колега полицискиот службеник Тоше Тодоровски, но бараат и јасна и транспарентна истрага за полициските службеници.
Претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов рече дека бараат барем еден распит на осомничените полициски службеници да биде јавно објавен.
– Мислам дека апсолутно не е човечки еден обвинител да се обрати на нашите колеги осомничени, за кои не е докажана вина и се смета дека се невини се додека не се докаже вина со зборовите – ‘ако вие бевте невини требаше вие да изгорите во трагедијата во Кочани’. Тоа е нешто што ако полициски службеник го каже на граѓанин, ќе заглави по затвори, рече Ефремов.