„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари и Села се последните извици на една коалиција во распад“, велат од коалицијата ВЛЕН преку соопштение.
ВЛЕН ги критикува тројцата лидери на коалицијата НАИ.
„Едниот бара „политички договор” и се обидува да го копира Али Ахмети, кого со право треба да го праша: што се случи со писмата што ги испраќаше низ светот и каде исчезна експертизата на Пол Вилијамс? Другиот лута во паника, стравувајќи дека ќе биде изневерен од двајцата. Според сите анкети, кандидатите на ВЛЕН се во убедлива предност, додека „референдумот” на ДУИ, последниот обид на една партија во паника, им се враќа како бумеранг“, порачуваат од коалицијата.
Албанците овој филм, додаваат оттаму, го гледаат повеќе од две децении патриотизам во зборови, кражба во дела.
„Дваесет години не успеаја да обезбедат ни питка вода во албанските општини; во некои од нив, дури и водата ја оставија затруена со арсен. Тоа е „светот” што го создадоа загаден, ненаситен и иструлен одвнатре. Општините под нивно раководство се жив доказ за хаос, сиромаштија и отсуство на било каква визија. Затоа, Албанците денес му го вртија грбот на овој „лажен референдум”, што го пропагираат Ахмети, Таравари и Села“, се нагласува во соопштението на ВЛЕН.