Меџити ги обвинува Левица, ДУИ и Арсовска за хаосот со ѓубрето во Скопје

„Управувањето со отпадот во Скопје се врши преку јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, кое моментално го води коалицијата ДУИ – Данела – Левица. Тие носат директна одговорност за хаосот и нечистотијата што го зафати градот“, објави Меџити

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук

Новиот градоначалник на општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, реагираше на хаосот со отпадот низ целиот Град Скопјe. Во објава на Фејсбук, Меџити упати критики до ДУИ, Левица и актуелната градоначалничка Данела Арсовкса.

Меџити објави дека Владата презема вонредни инспекциски мерки, ова, како што пишува, за да утврди одговорности за состојбата со отпадот.

„Скопје е сведено на сериозна состојба со отпадот. Улиците, населбите и јавните простори се запоставени, што станува одраз на институционална неодговорност.

Управувањето со отпадот во Скопје се врши преку јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, кое моментално го води коалицијата ДУИ – Данела – Левица. Тие носат директна одговорност за хаосот и нечистотијата што го зафати градот.

Но, ние нема да седиме со скрстени раце“, се вели меѓу другото во објавата на Меџити.

Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во јавното претпријатие Комунална хигиена. Ќе се испитува работењето на досегашната градоначалничка Арсовска и директорот на јавното претпријатие, Рустеми.

Оваа одлука на македонската влада, ќе ја спроведуваат Државниот комунален, санитарен и здравствен инспекторат, Инспекторатот за животна средина и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Непостапувањето во однос на собирањето на комуналниот отпад, што претставува опасност по здравјето на луѓето. Во соопштението на македонската влада, се наведува дека состојбата е алармантна, а Град Скопје во континуитет не постапува согласно своите надлежности и затоа се повикуваат претходно наведените државни институции да постапуваат по донесените заклучоци на владината седница.

По ова се огласи и градоначалничката Данела Арсовска. Обвинува дека со ова ѝ се закануваат од Владата и го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски дека нивни луѓе се на чело на Управниот одбор во „Комуналец“.

Арсовска до Мицкоски: На кого се закануваш? За ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во „Комуналец“ на чело со Спировска