„Рускиот амбасадор Баздникин, заедно со заменик-премиерот на Владата на Република Македонија одговорен за Охридскиот договор, русофилот Иван Стоилковиќ, и српските здруженија во Македонија ја одбележаа годишнината од „Кумановската битка“ од 1912 година, која го означува српското окупирање на Македонија и убивањето на илјадници Срби и Македонци“, велат од ДУИ преку соопштение како реакција на одбележувањето на „Битката на Зебрњак“.
Од ДУИ велат дека се сведоци на чести српски ориентации во Македонија, како и на термините „Јужна Србија, Стара Србија, Јужна Бановина итн“.
-Српските власти ги нарекуваат Македонците „Северно-Македонци“, а нема реакција од домашните власти. ВЛЕН ги заменува Албанците со Срби на водечки позиции во владата и во извршната власт, ја носи српската банка во Македонија, парадира со Додик во Скопје, Битола, Куманово, се усогласува со Вучиќ, ја посрамува претседателката Вјоса Османи, ветераните од Косово…
И во мај 2024 година, на претседателските и парламентарните избори, и во октомври 2025 година, ВЛЕН го слави поразот. Историјата познава само уште еден таков случај, Битката кај Газиместан во Косово Поле, каде поразените Срби сè уште ја слават битката со Османлиите во 1389 година, стои во партиското соопштение на ДУИ.
Според партијата на Али Ахмети, „овој феномен на славење на поразот се нарекува „синдром на Газиместан“, познат до вчера само на Србите, но од денес и на ВЛЕН, кои се заробени од српскиот свет, потврдено од Европскиот парламент“.