Невистинити, злонамерни и крајно тенденциозни се тврдењата дека Зоран Заев се меша во политиките на СДСМ и на претседателот на партијата Венко Филипче, вели за „Локално“ член на Извршен одбор на СДСМ, Андреј Жерновски.
-На ВМРО-ДПМНЕ, секако, воопшто не му се допаѓа фактот дека СДСМ останува најсилната опозициска партија и дека е на пат да освои повеќе општини од ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година. Граѓаните јасно го поразија и коалицискиот партнер на Мицкоски, бидејчи јасно увидоа дека улогата на ЗНАМ е само да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој план пропадна и ЗНАМ е на пат на исчезнување, а доказ за тоа е нивниот пад од 56.200 на 38.034 гласови. Со таквото експресно губење на 33% од гласовите, ЗНАМ е најголемиот гибитник на овие избори, вели Жерновски.
Според Жерновски, сумарно гледано, Левица има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што СДСМ е (о)станува јасно на македонската политичка мапа.
-Да бидам јасен, ова секако не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намалува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја зголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент меѓу граѓаните се менува, вели Жерновски.
Тој смета дека во добар дел општините веќе се избрани градоначалници од СДСМ, како и вондополнителните 16–17 општини каде партијата влегува во втор круг.
Б.Т.