Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев, денес за време на посетата на Саудиска Арабија изјави дека очекува војната во Украина да заврши во рок од една година.
„Сигурни сме дека сме на патот кон мир и како миротворци мора да го постигнеме тоа“, рече Дмитриев на маргините на конференцијата во саудискиот главен град Ријад, пренесува Ројтерс.
На прашањето дали мирот во Украина е можен во рок од една година, Дмитриев рече дека верува во тоа, додавајќи дека Москва и Вашингтон се блиску до „дипломатско решение“ на конфликтот во Украина.