Одзивот до 13 часот е 18,5 проценти, а за Скопје 15,28

Најголема излезеност за градоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин

До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 18,5 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). На ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279  избирачки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.

Досега не се пристигнати  пријави за какви било неправилности и нерегуилараности, а за претставки за нарушување на изборниот молк има само информации по кои постапуват надлежните институции.

-До ДИК се стигнати само информации, во однос на тоа прашање постпауваат надлежните институци, се што треба во однос на ова ДИК би информирала до крајот на денот, истакна портпаролката на ДИК на прес-конференција.

Таа информира и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.

-До 13 часот одѕивот  во Боговиње е 16,02, Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Прбииштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и Чучер Сандево 29,55 проценти.  Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за градоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, соопштија од ДИК на прес-конференцијата.

Во првиот круг до 13 часот излезеноста била 20,12 отсто, а за Скопје 20,07 проценти.