Фатен возачот кој вчера удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода

од Nikola Popovski
43 прегледи Фото: Официјален Фејсбук профил на МВР

Вчера (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дел од медиумите објавија дека екс-директорот на ОХИС Јорго Ќука (78) е човекот кој загина во сообраќајната несреќа. Ќука беше еден од најпознатите директори во македонската економија во 1990-те. Подоцна тој беше уапсен и осуден во 2007 година на четири и пол години затвор за злоупотреба на служебата должност и незаконско работење.