На 03.11.2025 во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за с.Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишија од слобода Б.А.(37) и О.Ј.(26), двајцата од с.Требош, тетовско.
При преглед кај нив и во патничкото моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управува Б.А., пронајдени и одземени се шест ќеси со марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.