Прегазен полицаец во центарот на Скопје

При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Утрото на 9-ти ноември во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ и ул.„Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.