Маж и жена се степале дома, па и двајцата пријавиле во полициска станица

Драма помеѓу пар во Скопје: Тој пријавил дека таа му ја оштетила покуќнината, таа го пријавила дека ја тепал и ѝ се заканувал со оружје

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Фејсбук профил на МВР

Скопската полиција информира дека вчера попладне во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.

Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa фрлала разни предмети кон него, а притоа оштетила дел од поќукнината.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.