Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година зголемен за 6.1 % во однос на истиот период лани

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Локално

Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6.1 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците што ги објави Државниот завод за статистика.

Во септември 2025 година се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12.1 %) за објекти од нискоградба и 56 (17.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 314 објекти, на 229 (72.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 м2.