Друштвото на писателите на Македонија со длабока жал извести дека денес, 12 ноември 2025 година, почина истакнатата поетеса, научничка и универзитетска професорка Славица Свидерска. Родена во Битола во 1984 година, Свидерска беше доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и на Факултетот за странски јазици во Тирана.
Нејзините дела се преведувани на повеќе јазици и наградувани дома и во светот. Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023) и „Мистичен си свету“ (2025), како и на научните и есеистички изданија „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018) и „За смислата и за апсурдот“ (2017).