Софиското обвинителство ќе го гони лекарот од Македонија за намерно прегазување на кучето

Портпаролот на Софиското обвинителство информирал и дека кучето било однесено во ветеринарна клиника, каде што било утврдено дека е тешко повредено и неподвижно, по што морало да биде евтанизирано

од Nikola Popovski
73 прегледи Фото: Дунав Мост

Докторот од Македонија, Ненад Цоневски, кој удри куче во Софија е обвинет за намерно сурово однесување кон животно, што резултирало со сериозни повреди, изјавил вчера Николај Николаев, портпарол на Окружното обвинителство на Софија на брифинг со новинарите. Според него, досега собраните докази водат до заклучок дека постоела намера од страна на сторителот.

Николаев, исто така, истакнл дека во понеделникот возач кој излегувал од гаража го прегазил кучето од расата „хаски“. „Како резултат на поминувањето на автомобилот, кучето било тешко повредено. Било живо и можело да воспостави контакт“, информирал Николаев, пренесуваат бугарските медиуми.

Портпаролот на Софиското обвинителство информирал и дека кучето било однесено во ветеринарна клиника, каде што било утврдено дека е тешко повредено и неподвижно, по што морало да биде евтанизирано.

„Рбетот на кучето беше згмечен, движењата на задните екстремитети дефинитивно би биле изгубени, а најверојатно и предните екстремитети. По дискреционо право на лекарот и фактот дека кучето било бездомно и немало кој да се грижи за него, донесена е одлука за негово евтаназирање“, додал Николаев.

Казната предвидена за овој вид кривично дело е од една до пет години затвор, објаснуваат од Софиското обвинителство

Доктор Цоневски е вработен како специјалист на Военомедицинската академија во Софија. Оттаму веќе објавија дека болницата помага во расветлувањето на случајот, а лекарот е суспендиран од работа додека не се расветли инцидентот.

Дел од бугарските медиуми веќе објавија дека Цоневски ја напуштил Софија и се вратил во Делчево каде што е роден.

Колку за потсетување, објавени се вознемирувачки снимки од надзорните камери кои покажуваат како Цоневски го гази кучето, излегува од автомобилот, го гледа згмеченото куче, се враќа во автомобилот и вози преку кучето и заминува. Докторот тврдел во полиција дека ненамерно го прегазил.

🔞Бура од реакции во Софија: Доктор од Македонија усмрти куче, се соочува со затворска казна до 5 години

Слични содржини