Мустафаоглу: Ова нема да го прочитате кај севишниот Орце на профил, медиумите не се известени, а не пак граѓаните

Од денес, секој граѓанин може да биде казнет ако во периодот од 22:00 до 06:00 часот фрли ѓубре во канта

од Vladimir Zorba
479 прегледи

Драги жители на Скопје, ова нема да го прочитате кај севишниот Орце на профил, медиумите не се известени, а не пак граѓаните: Наместо конечно да се засилат капацитетите на КХС и суштински да се подобри јавната чистота, мнозинството предводено од ДПМНЕ, денес, на седницата на Советот на Град Скопје изгласа одлука за, практично, забрана за движење на граѓаните покрај контејнерите во периодот од 22:00 до 06:00 часот, соопшти советничката во Град Скопје, Дарја Мустафоглу.

„Тоа значи дека, од денес, секој граѓанин може да биде казнет ако во овој период фрли ѓубре во канта. Наместо редарите и инспекторите да се насочат кон вистинските проблеми и дивите депонии, тие ќе патролираат околу контејнерите и ќе пишуваат казни од 50 евра на совесни луѓе кои едноставно сакаат да фрлат ѓубре на легално место. Со оваа одлука нема да се стави фокус на „големите загадувачи” бидејќи не се опфатени фирмите и субјектите кои депонираат отпад во поголеми количини“, вели таа.