„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани со страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.
За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Владата со поддршка за барањата на Здружението на родители на загинатите од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ за исплата на еднократна парична помош. Премиерот Мицкоски дециден дека се прави се за да им се помогне на фамилиите на 63-цата загинати во трагедија.
За второто барање на родителите да се формира анкетна комисија но и надзорна расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“, од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека засега немаат разговарано на темата, но и дека не сакаат да ја политизираат. Според пратеникот Драган Ковачки сега на ред се обвинителите и судиите.
Судењето ќе се одржи во судницата „Идризово“. Врз Кривичниот суд ќе падне најголемиот товар да го организира судењето.