Николовски: Верувам дека Трипуновски научил што е кратенката ИПАРД откако негови блиски соработници се фатени со рачињата во европскиот мед

За новата директорка на Платежната агенција, Николовски вели дека е „нов скандал“, се сомнева „дали знае да зборува на англиски јазик“

од Nikola Popovski
58 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски денеска од собраниската говорница порача дека министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски не знаел што значи кратенката ИПАРД, но верува дека „сега добро jа научил“ затоа што како вели, „негови блиски соработници се фатени со рачињата во европскиот мед и парите кои се строго контролирани“.

Николовски повторно го праша Трипуновски, кој не присуствуваше на седницата за пратенички прашања, дали ќе поднесе оставка по скандалот со претходниот директор на Платежната агенција.

Екс-министерот за земјоделство тврди дека се работи за 180 потпишани договори, а не се платени по суспензијата на средствата од ИПАРД-програмата.

За новата директорка на Платежната агенција, Николовски вели „подобро да не зборуваме бидејќи е нов скандал“.

-Лице со многу пријави и казни и лице кое што воопшто не знаеме дали знае да зборува англиски јазик за да може да ја претставува Македонија во Брисел, кажа Николовски на седницата за пратенички прашања во Собранието.