Османи го распушти косовското Собрание

Таа ја потпиша одлуката за распуштање на парламентот откако движењето Самоопределување не успеа да го добие потребното мнозинство за формирање влада по вториот обид вчера

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Фејсбук/Вјоса Османи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес го распушти собранието во Приштина.

Таа ја потпиша одлуката за распуштање на парламентот откако движењето Самоопределување не успеа да го добие потребното мнозинство за формирање влада по вториот обид вчера.

Според извештаите на медиумите, Османи ја објавила одлуката по состанокот со лидерите на парламентарните партии, каде што се разговарало за датумот на нови избори.

Одлуката за датумот на изборите, трети по ред оваа година, Османи ќе ја донесе наскоро.

Претседателот на движењето Самоопределување, Албин Курти, и лидерот на партијата „Смело“, Фатон Пеци, им изјавија на новинарите по состанокот дека го предложиле 28 декември како датум за изборите.