Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер, порачаа од ВЛЕН

ВЛЕН: НАИ се стопи како пластелин

од Nikola Popovski
9 прегледи

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години“, вака велат од ВЛЕН за напуштањата на коалицијата која беше предводена од ДУИ.

Според владеачката коалиција, составена од неколку партии од албанскиот блок, последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот” за фрлање пепел во очите на Албанците.

-НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните, истакнуваат од ВЛЕН и додаваат дека „не се радуваат кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“.