Просечната бруто-плата во септември достигна 68.392 денари

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.466 денари. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.3 %.

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2025 година, просечната месечна нето-плата по вработен изнесува 45.466 денари, што претставува зголемување од 9,3% во однос на истиот месец минатата година. Додека просечната бруто-плата во септември достигна 68.392 денари, исто така со пораст од 9,3% на годишно ниво, следејќи сличен секторски тренд како кај нето-платите.

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45.466 денари. Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.9 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.6 % и Транспорт и складирање за 11.5 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3.5 %, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1.8 % и Рударство и вадење на камен за 1.1 %.

Во септември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68. 392 денари

Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 9.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 15.1 %, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.8 % и Транспорт и складирање за 10.6 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3.6 %, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1.9 % и Рударство и вадење на камен за 1.0 %.