Кочанското ОЈО ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП

Кочанскиот суд одлучи - двајца во куќен притвор, за шестмина посебни мерки на претпазливост. Ова е исходот од акцијата на полицијата и Обвинителството за случајот со дискотеката „Пулс“

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Основното јавно обвинителство Кочани ќе вложи жалба за определената мерка куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се опфатени  во постапката  за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”.

-Основното јавно обвинителство Кочани ја прими одлуката за определената мерка куќен притвор за двајцата осомничени и ќе вложи жалба, се вели во писмениот одговор од Јавното обвинителство.

Кочанскиот суд одлучи – двајца во куќен притвор, за шестмина посебни мерки на претпазливост. Ова е исходот од акцијата на полицијата и обвинителството за случајот со дискотеката „Пулс“, во која осуммина вработени во УЈП се сомничат за злоупотреба на службената постапката и давање и примање на мито. Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”.

Во вчерашната акција на МВР и ОЈО Кочани е опфатен и синот на реалниот сопственик на „Пулс“ кој е осомничен за давање поткуп. За него веќе се во сила мерки на претпазливост за првиот предмет поврзан со случајот за Кочани, но Судот на барање на Обвинителството ги прошири мерките и сега за него важи и забрана за воспоставување и одржување контакти и со новоосомничените.

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) на 28 септември објави видео со снимки и документи од истрагата за трагедијата во Кочани. Во сторијата беа обелоденети пораки меѓу инспектори од Државниот пазарен инспекторат, полицијата и УЈП со синот на газдата на дискотеката „Пулс“. Пораките упатуваат на сомнежи за подмитување, дојави пред инспекциски контроли и редовни посети на објектот кој работел без дозвола.

Слични содржини