Мицкоски кон младите: Она што го гледате на Инстаграм и ТикТок не е реалноста, тоа е нешто со кое некој сака да изврши притисок врз вас и да создаде лажна реалност

„Децата, многу деца, тоа е нешто што ќе го обликува вашиот живот. Бидејќи без многу деца, вашиот живот ќе биде празен и веројатно себичен“

од Vladimir Zorba
76 прегледи Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Кога започнувате нешто, не очекувате чуда. Чудата не се можни. Ако верувате во чуда, тогаш нема да бидете способни да ја пренесете реалноста. Нема да бидете способни да ја живеете реалноста. Затоа понекогаш некој околу вас создава перцепција за работи кои не се остварливи и кои не се реални. Она што го гледате на Инстаграм, она што го гледате на ТикТок не е реалноста. Тоа е нешто со кое некој сака да изврши притисок врз вас и да создаде лажна реалност. Повторно ќе се повикам на нешто што го кажав чудата не се можни. Ако некој ви ветува чуда, тогаш ве лаже. Тоа не е можно. Не верувајте во чуда.

Ова го изјави денеска премиерот на земјава, Христијан Мицкоски при обраќањето на трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон.

Како најважниот елемент во животот, Мицкоски, рече дека е семејството.

-Можеби некој ќе ја оспори мојата порака, можеби некој ќе ме осуди за ова што ќе го кажам сега, но семејството е најважниот елемент во вашите животи. Децата, многу деца, тоа е нешто што ќе го обликува вашиот живот. Бидејќи без многу деца, вашиот живот ќе биде празен и веројатно себичен. Ве молам споделувајте сè со вашата околина. Нека споделувањето биде дел од вашето однесување. Бидејќи ако споделувате, ќе можете да научите што значи семејството, не само за вас, туку и за вашата нација, потенцира Мицкоски.