Лукас по приведувањето во Кавадарци: Еден човек ми рече: „Може ли да ви се извинам во име на македонскиот народ?“

Лукас размислувал веќе да не настапува во Македонија...

од Vladimir Zorba
139 прегледи Фото: Фејсбук/Аца Лукас

Српскиот пејач Аца Лукас се огласи по инцидентот што се случи за време на неговиот настап во Кавадарци. За време на настап во еден локалн, полицијата го прекина концертот, наведувајќи дека Лукас наводно немал соодветна дозвола за настап.

Пејачот поминал неколку часа во полициската станица, по што беше ослободен, со очекување дека ситуацијата ќе биде разјаснета во наредните денови.

Лукас детално објасни што се случило на својот Инстаграм профил.

„Половина час пред крајот на настапот, полицијата дојде и ме замоли да одам со нив во станицата. Не бев уапсен, отидов со мојот автомобил. Во станицата ми рекоа дека настапот не е правилно регистриран, иако испратив копија од мојот пасош неколку дена претходно, како што секогаш правиме. Значи, беше регистриран, но можеби инспекторот направил нешто погрешно, нема никаква врска со мене. Останав цела ноќ додека не пристигна судијата“, објасни Лукас.

Пејачот додаде дека настапувал во Македонија илјада пати и дека ужива да пее таму затоа што публиката секогаш му дава голема поддршка.

„Не ми дозволија ниту да одам во хотел да спијам, па наутро морав да дојдам кај судијата. Цела ноќ ја поминав во станица, но полицијата во Кавадарци беше коректна и се извини. Еден човек дури ми рече: „Може ли да се извинам во име на македонскиот народ?“ – рече Лукас, додавајќи дека размислува веќе да не настапува во Македонија.