Преговорите меѓу претставниците на САД и Украина во Женева за ревизија на планот од 28 точки за завршување на војната со Русија доведоа до „одлучувачки успех“ за Европа, изјави денес германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
„Сите прашања што се однесуваат на Европа, вклучително и оние што се однесуваат на НАТО, се отстранети од овој план, тоа е клучниот успех што го постигнавме вчера“, рече Вадефул, според Ројтерс.
Тој нагласи дека „од самиот почеток беше јасно“ дека не треба да се постигне никаков договор без консултација со Украина и нејзините европски партнери.