Нови лажни дојави за бомби во Скопје

Се врши истрага кој е сопственикот на електронската пошта од каде се испраќани лажните дојави за бомби

од Nikola Popovski
7 прегледи Фото: МВР

Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – наведуваат од МВР.

Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.

Колку за потсетување, и за време на концертот на раперот Давид Љубљеновиќ, попознат по прекарот Девито, што се одржа на 22 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, пристигнале две закани за подметнати бомби, за кои исто така било утврдено дека се лажни.