Владо Перев нападнат во Скопје – постар маж го удрил и му се заканил со бесење

Перев (80) тврди дека маж двојно постар од него го удрил во лицето и му ги скршил очилата затоа што е од „бугарската заедница во Република Северна Македонија“.

од Vladimir Zorba
97 прегледи Фото: Фејсбук/Фондација Македонија

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев разговарал телефонски со Владо Перев – еден од најистакнатите претставници на бугарската заедница во земјава, кој бил нападнат и претепан денес во Скопјe, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Перев (80) тврди дека маж двојно постар од него го удрил во лицето и му ги скршил очилата затоа што е од „бугарската заедница во Република Северна Македонија“.

Напаѓачот извикал дека Бугарите треба да одат во Бугарија и му се заканил на Перев со бесење.

Министерот Георгиев го уверил повредениот новинар дека Бугарија ќе продолжи да биде негова поддршка во ова тешко време за него.

Бугарското МНР остро го осуди уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во земјава:

„Категорично осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен, за жал поттикнат од моменталната социо-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, се вели во ставот, цитиран од БНР.

„Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за истрага и правда. Потсетуваме дека европскиот пат на земјата бара целосно и совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на македонските Бугари“, се вели во ставот на Министерството за надворешни работи на нашиот источен сосед.

Слични содржини