Владата именува повереници во четирите општини каде немаше доволно гласачи

Именувани се четворица повереници во општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

од Nikola Popovski
10 прегледи Фото: Локално

Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот законик Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува: Онер Јакупоски за повереник за Општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар.

Воедно, согласно член 134 став 3 ќе го извести претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник.

Одлуката за повторно одржување на избор на градоначалници за овие општини е поради неостварување на минималната излезеност од 33.33% во првиот круг што што се одржа на 19 ти октомври поради што не се избраа градоначалници, додека пак до 11 јануари со тие четири локални самоуправи треба да раководат владини повереници.