🎥Повторно прегазен пешак на пешачкиот кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во центарот на Скопје

Инцидентот се случува неполн месец по претходната несреќа на истото место, кога возач прегази жена и избегa од локацијата

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Синоќа на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во центарот на Скопје повторно бил удрен пешак. На социјалните мрежи се појави видео од моментите по несреќата, на кое се гледа повреденото лице како седи на коловозот додека минувачи му укажуваат прва помош. Подоцна лицето било однесено во најблиската болница.

Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.

„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.

Инцидентот се случува неполн месец по претходната несреќа на истото место, кога возач на теренско возило прегази жена и избегa од локацијата. Тој беше уапсен неколку часа подоцна, на пат кон Средно Водно.