Во третото тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и е зголемен за 3.7 %.
Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2025 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 3 514 бракови и нивниот број е намален за 2.8 % во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 470 разведени бракови, што претставува зголемување од 27.7 % во споредба со истиот период од 2024 година.
Во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година:
- повеќе живородени деца за 3.7 %
- помалку умрени лица за 0.5 %
- помалку склучени бракови за 2.8 %
- повеќе разведени бракови за 27.7 %