Муцунски на работна посета во Брисел на средби со Калас

За време на престојот во Брисел, министерот ќе оствари голем број билатерални средби, прецизира Министерството.

од Vladimir Zorba
4 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на земјава, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Брисел, а неговата програма вклучува средби посветени на процесот на европска интеграција на земјата, како и учество на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

За време на посетата, Муцунски, заедно со министерот за европски прашања на земјата, Орхан Муртезани, ќе се сретне со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, а на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кој ќе се одржи на 3 декември 2025 година.

За време на престојот во Брисел, министерот ќе оствари голем број билатерални средби, прецизира Министерството.