Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд поради здравственипричини

Оставка на Јадранка Дабовиќ Анастасовска од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е официјално доставенa до Собранието.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Уставен суд

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.

Оставка на Јадранка Дабовиќ Анастасовска од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија е официјално доставенa до Собранието.

Професорката од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, беше избрана за судијка во Уставниот суд на 12 декември 2023 година. Таа дојде на местото на пензионираниот судија Јован Јосифовски.

Собранието треба да расправа за понатамошната постапка по доставениот материјал.