Првата конкретна реакција од Кремљ пристигна по вчерашните маратонски преговори.
Москва изјави дека би било погрешно да се каже дека Владимир Путин го отфрлил планот предложен од САД, кој беше дискутиран вчера. Додаде дека разговорите претставувале само прва размена на мислења.
– Путин прифатил некои предлози, а отфрлил други, што е дел од вообичаениот процес на преговори – рече Песков.
Тој одби да даде дополнителни коментари.
– Ќе бидеме попродуктивни ако некои работи ги задржиме за себе, порача тој.
Песков додаде дека Русија е подготвена да се состанува со американски претставници колку што е потребно за да се постигне решение.