Ова што се случи со Владата на Жељазков, некако влеа надеж кај сите, ама и кај нас, кажа Сиљановска Давкова

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако влеа надеж кај сите дома, надвор, во ЕК, ама и кај нас соседите дека конечно има шанса за поголема стабилност, но го видовте тригерот беше гласањето за буџетот и сега сме соочени со проблеми, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, посочувајќи дека „се разбира дека тоа секогаш се одразува на односот кон актуелните прашања, верувам и на прашањето кон нас“.

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Прашана во однос на протестите и политичките турбуленции во Бугарија и како тоа ќе се одрази на односите со нашата земја и нивните барања за уставни измени, Сиљановска – Давкова, потсети дека „за разлика од нас, бугарските политички партии, бугарските политички лидери, пратениците особено, изгласаа неколку документи, декларацијата која, како што велат тие, ги обврзува сите и важи за сите.

-Се надевам дека да и таму ќе се решат проблемите. Jас не можам да кажам како, дали преку уште едни предвремени избори или со рекомпонирање на самата коалиција, но важно е да има влада која што ќе може да ги води работите во државата. Да, го чув и претседателот којшто повикува на предвремени избори повторно. Тоа е значи бугарската реалност. Што се однесува до нас. Да. Јас деновиве го чув ставот уште еднаш на Европскиот Совет врзан за нас, односно за спроведувањето или за уставните измени како услов за одржување на втората меѓувладина конференција, изјави Сиљановска – Давкова.