Пензионер нападнат во казино во Скопје

Полицијата регистрира инцидент во казино во скопска Кисела Вода

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Полицијата регистрира инцидент во казино во скопска Кисела Вода.

– На 07.12.2025 во 14:05 часот во СВР Скопје, С.П.(66) од Скопје пријави дека околу 01:00 часот во казино на подрачјето на Кисела Вода, бил физички нападнат од едно лице, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.