Жерновски за мигрантите: Како да му верувам на Мицкоски кога кажа дека кога ќе дојде на власт, ќе го врати името и ќе го раскине Преспанскиот договор?

Жерновски во однос на темата за мигрантите, праша на кого да му верува - британските медиуми „Тајмс“ и „Гардијан“ кои се формирани 1785 година и 1821 година или на премиерот Христијан Мицкоски

од Nikola Popovski
136 прегледи

„Се плашам дека никој не му верува на претходниот соговорник. Не знам сам дали си верува, но имаме сериозни сомнежи во тоа што се случува. Ние ги цитираме британските медиуми и политичари. Ако сметате дека СДСМ лаже, уште вечерва за тужба за клевета на Тајмс, Гардијан и вашите колеги-лабуристи кои што се на власт и кои што говорат за веќе постигнат договор кој што само Македонија го прифатила, а Косово се чека. Од вашето „Safe Country“ ќе направите една исклучително небезбедна држава. Ние не зборуваме за најави туку слушаме детали дека ќе бидат платени 20 илјади фунти по мигрант“, рече синоќа поранешниот заменик-министер за надворешни работи и екс-амбасадор, Андреј Жерновски за темата околу мигрантите, обраќајки му се на пратеникот Бране Петрушевски.

Тој во емисијата „Топ тема“ прашува на кого да му верува – британските „Тајмс“ и „Гардијан“ кои се формирани 1785 година и 1821 година или на премиерот Христијан Мицкоски.

-Сакам да е во право, ама јас се сомневам. Зошто се сомневам? За да му верувам, треба да има историја на кажување вистина. Тој е човекот кој што кажа дека кога ќе дојде на власт, ќе го врати името – ништо. Тој е човекот што кажа дека ќе го раскине Преспанскиот договор, тој е човекот кој што кажа дека ќе распише задолжителен референдум за Договорот со Бугарија….Стабилноста и безбедноста на државата е во прашање доколку дојдат вакви мигранти, рече Жерновски.

Според него, има поврзаност меѓу оваа тема и кредитот од Велика Британија кој што го доби Македонија.

Слични содржини