Ако Филипче, Фрчкоски и Жерновски пронајдат еден мигрант од Британија, трајно ќе ја напуштам политиката – порача премиерот

Мицкоски тврди дека се лажни вестите од британските медиуми дека Македонија ќе прими мигранти од Велика Британија

од Nikola Popovski
236 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Влада

Оставам простор до пролет, Венко Филипче, заедно со професорот Фрчкоски и Андреј Жерновски да бараат мигранти низ Македонија кои што е дел од Договорот со Велика Британија. Ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно, тие да ми се извинат на мене и на граѓаните, што шират паника без потреба. Бидејќи тој ја спомна пролетта и сме сакале предвремени избори, па не споредуваше со соседни земји, јас велам тројцата нека шетаат и ако најдат барем еден од договорите со Велика Британија, јас сум подготвен трајно да ја напуштам политиката, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски за наводните центри за мигранти за кои британските медиуми објавија дека Македонија ги планира на своја територија.

Мицкоски додаде дека „поради вакви лажни вести, главниот уредник на Би-Би-Си си поднесе оставка“.

Премиерот додаде дека по однос на обвинувањата дека има дупка во Буџетот, веќе влегле 10 милијарди денари приходи во првите денови од декември. Вели дека Буџетот е во одлична кондиција, а инфлацијата е помала на годишно ниво во споредба со лани.

-За да ви фалат во Буџетот и да ја покриете таа дупка, потребно е и расходите да бидат согласно планирањата. Нас расходите ни се помали односно штедевме. И приходите и расходите се пратат едни со други. Ние нема да се задолжиме за да го зголемиме долгот, напротив, на крајот од годината, тој долг ќе биде помал од оној кој што сме го имале, кажа Мицкоски на увид во градежните активности на мултифункционалниот центар во Општина Аеродром.