На денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот на Скопје соопшти дека започнува „целосната енергетска трансформација на образовните институции“.
Како што тврди, секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на неговиот мандат.
„Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30% намалување на трошоците за електрична енергија. Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град. Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија. Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства. Со оваа инвестиција создадаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината“, вели тој.