Јанчев за мигрантите: Ова е многу лицемерно, имаме странски медиуми кои ова го зборуваат

„Мене како опозициски пратеник по опис на работа ми е да не му верувам на премиерот и да проверувам“, кажа Јанчев за темата со мигрантите

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Имаме странски медиуми кои ова го зборуваат, а втората работа е што тие кажуваат, дека тоа ќе бидат лица коишто се одбиени од постапка за азил“, вели пратеникот на Левица, Сашко Јанчев за ситуацијата со евентуалниот трансфер на мигранти од Велика Британија.

Пратеникот истакна дека „него како работа како опозициски пратеник по опис на работа му е да не му верува на премиерот и да проверува“. Вели дека има работено како правник за азил околу пет години и ова е проблематично од аспект на Британија повеќе затоа што, како настануваат овие бегалски бранови.

„Овие бегалски бранови се последица на активностите на империјалните сили во други држави, поготово држави богати со ресурси, каде што одат наводно да им носат демократија. И кога ќе се настапи таму со војна, тие држави се растураат.

Тие луѓе ја напуштаат нивната земја, бараат да се спасат и бегаат во побогатите земји кои во игра на случајов се баш земјите како Велика Британија. Ова е многу лицемерно и хипокризија“, рече Јанчев во емисијата „24 анализа“.