ССМ: Кој сака тивко, со суспендирање на колективните договори да намалува плати, зголемени со колективни договори?

„Со новите закони, Законот за вработените во јавен сектор и Законот за административните службеници, во делот плати е ограничено и суспендирано правото на уредување и доуредување на правата поврзани со платата со колективен договор и на тој начин е суспендирано колективно договарање за вработените во јавниот сектор, а сето тоа спротивно на Уставот“

од Vladimir Zorba
39 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Со новите закони, Законот за вработените во јавен сектор и Законот за административните службеници, во делот плати е ограничено и суспендирано правото на уредување и доуредување на правата поврзани со платата со колективен договор и на тој начин е суспендирано колективно договарање за вработените во јавниот сектор, а сето тоа спротивно на Уставот, Законот за работните односи и меѓународните трудови стандарди и конвенции, Општата декларација за човекови права и Европската конвенција за заштита на правата, соопштија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

„Напоменуваме дека согласно член 32 од Уставот – остварувањето на правата на вработените нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите од јавниот сектор здружени во ССМ во следните денови ќе поденесе Иницијатива до Уставниот суд за повреда на темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, меѓу другите се, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.

Правото на колективно договарање и склучување на колективни договори е уставно загарантирано право и право предвидено со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и никој не смее ова право да го одзема, забранува, ограничува или елиминира како такво.

Имајки во предвид дека овие закони во оваа форма се усвоени без консултации со синдикатите и без согласност на Економско социјалниот совет, првиот чекор кој го преземаме е нивно оспорување пред Уставниот суд, а истовремено ќе биде побарано и од Економско социјалниот совет да се произнесе и да се предложат брзи измени на овие два закони со враќање на избришаните одредби за можноста за утврдување на платите во јавниот сектор со колективните договори, а доколку не, следните чекори се протести и штрајкови.

Дека овие два закони се избрзани и нефункционални покажуваат и брзите измени кои ги направија изминатата недела за одлагање на нивната примена до јануари 2027 година, но тоа не дава одговор на прашањето, кој е тој што сака преку исклучувањето на колективните договори, да ги намали работничките плати“, соопштија оттаму.

Слични содржини