ВМРО-ДПМНЕ пренесува сведоштво на поранешен соработник на Заев: „Гради 40-катница во Дубаи“

Манасиевски: „Имаме пријава до антикорупцискиот тим на СДСМ и тоа лично за Заев кој гради 40-катница во Дубаи“

од Nikola Popovski
416 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски денеска порача дека екс-премиерот Зоран Заев гради 40-катница во Дубаи. Според него, ова е сведоштво на човек кој тврди дека бил таму и го видел тоа. Манасиевски информира дека станува збор за Томе Аврамски, поранешен соработник и познаник на Заев.

-Кажува лично сведоштво дека бил во Дубаи и ја посетил зградата која ја гради Зоран Заев. Но, исто така кажува и дека Венко Филипче има стан во Дубаи. Ова е скандал од невидени размери, но и доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности.

Во своето сведоштво, Томе Аврамски вели, цитирам:

„Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 спрата. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, кажа Манасиевски и објави исечено видео од гостувањето на Аврамски во емисија на српскиот новинар Миломир Мариќ.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека имаат пријава до антикорупцискиот тим на СДСМ.

„Дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40 катница? Од каде му се парите за тоа? Дали се од РЕК Битола и дали за тоа е вмешан Вице Заев? Каква е врската на Вице Заев и Енко Колашинац? Дали за овие „бомби“ ќе расправа антикорупцискиот тим на СДСМ?“, прашува Манасиевски.