Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции. Веднаш по изборот, Хоџа и Сали дадоа свечени изјави пред пратениците.
Изборот на новите членови на Владата дојде по локалните избори одржани во октомври откако Изет Меџити стапи на градоначалничката функција во Општина Чаир, кој ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање.
Претходно Собранието го разреши Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. Се уште не е познато дали ќе добие нова функција со оглед дека е дел од владеачката коалиција на ВЛЕН.
Хоџа беше владин портпарол во времето на Владата на СДСМ и ДУИ, додека Сали беше министер за здравство исто така во времето на владеењето на претходната Влада.