Филипче до Мицкоски: Изгледа сте скокнале во длабокото – како ќе испливате, мислете му ја

Во контекст на „ќе се удавите во длабокото“ како што му порача премиерот Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ рече дека е охриѓанец по потекло, а во Охрид „се знае каде во длабокото се скока, а каде не се скока“

од Nikola Popovski
53 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека не поминуваат обвинувањата и префрлување на вината за поскапувањето на струјата. Вели дека нема оправдување за состојбите во енергетскиот сектор.

-Овој пристап и овие спинови „ама вие сте криви, ама има обвинети“ не поминуваат. Ако има криминалци обвинети, нека си одговараат. Вие треба да си ја фатите работата, рече Филипче на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека „нормално е дека ќе се препознае секој еден кој што ја критикува во Владата во вашиот став дека тоа е талогот на општеството“.

Во контекст на „ќе се удавите во длабокото“ како што му порача премиерот Христијан Мицкоски, лидерот на СДСМ рече дека е охриѓанец по потекло, а во Охрид „се знае каде во длабокото се скока, а каде не се скока“.

-Вие очигледно веќе сте скокнале, како ќе испливате, не знам, вие мислете му ја, потенцира Филипче.