Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето. На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните.
„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи.
Трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи, додаваат од друштвото.
Како што претходно објавија од Македонското друштво, погребот бил спроведен на гробиштата во Орон-ла-Вил.
Во пожарот што избувна во барот за време на новогодишниот дочек, животот го загубија над 40 млади лица, а повеќе од 100 беа повредени.
Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехника – фонтани-прскалки, кои го запалиле плафонот, по што огнот брзо се проширил низ објектот.