Македонски државјанин осуден на шест години во Србија откако бил фатен со осум килограми кокаин

Имери е прогласен за виновен за кривичното дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, а времето поминато во притвор до изрекувањето на пресудата ќе му биде пресметано во затворската казна

од Nikola Popovski
97 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МУП Србија

Вишиот суд во Лесковац, Србија денес донел и објавил пресуда со која македонскиот државјанин Сефер Имери од Скопје, кај кого тамошната полиција пронашла речиси осум килограми кокаин, е осуден на шест години затвор.

– Обвинетиот е прогласен за виновен поради постоење на основано сомнение дека на 20 август минатата година, на автопатот кај Брестовац, нелегално транспортирал и чувал, за понатамошна продажба, наркотична дрога кокаин во количина од 7.988,4 грама во своето патничко возило – соопштиле од Судот во Србија, пренесуваат српските медиуми.

Имери е прогласен за виновен за кривичното дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги, а времето поминато во притвор до изрекувањето на пресудата ќе му биде пресметано во затворската казна.

Исто така, му е изречена мерка за безбедност поврзана со конфискација на пронајдената дрога, а тој е должен да ги надомести трошоците за кривичната постапка на Вишото јавно обвинителство и на Вишиот суд во Лесковац.

Судот го продолжи притворот на обвинетиот до неговото испраќање во затвор, а најдоцна до истекот на изречената затворска казна.