Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните, кажа Мицкоски

Премиерот на земјава, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил соопшти дека одржал состанок за реформската агенда со својот владин тим.

од Vladimir Zorba
58 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Премиерот на земјава, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил соопшти дека одржал состанок за реформската агенда со својот владин тим.

Како што пишува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор.

– Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува, пишува пшремиерот Мицкоски.