Адеми: ДУИ останува на барањето за предвремени парламентарни избори

-Владата без легитимитет го крши Охридскиот договор, тврди генералниот секретар на ДУИ

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми синоќа нагласил дека коалицијата НАИ, предводена од неговата партија, стои зад своето барање за предвремени парламентарни избори.

Како што додава Адеми, легитимитетот на државно ниво ѝ припаѓа на опозициската коалиција составена од неколку партии од албанскиот политички блок.

„Ние стоиме зад нашето барање дека треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи на државно ниво, легитимитетот ѝ припаѓа на НАИ. Денес, со овие обиди и атентати што се прават врз Охридскиот договор, се наоѓаме во оваа ситуација како резултат на тоа што имаме некој на власт без легитимитет“, изјавил Адеми, во емисијата „Клик Плус“.

Адеми додал дека резултатот постигнат на повторените избори во четирите општини бил очекуван за коалицијата.

„Разликата е многу голема од првиот круг на 19 октомври. Измамени сме од тој ден до сега. Имаше измами во многу димензии, првенствено во однос на саботажа и неуспешно постигнување на цензусот“, рекол, меѓу другото, генералниот секретар на ДУИ.