Ужас во Италија: Државјанин на БиХ „купил“ 14-годишна Македонка и сексуално ја малтретирал

Според италијанските медиуми, 25-годишниот маж ја претепал и злоупотребил неколку пати откако ја „купил“ од нејзината мајка, за да му биде сопруга

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Припадници на карабинерите во италијанскиот град Ферара уапсиле државјанин на Босна и Херцеговина кој е осомничен за нанесување повреди, злоупотреба и сексуално насилство врз малолетна Македонка.

Според италијанските медиуми, овој 25-годишен маж од БиХ наводно ја претепал и злоупотребил неколку пати откако ја „купил“ за да му биде сопруга од нејзината мајка.

Сè било откриено кога 14-годишната девојка избегала од човекот на кого нејзината мајка ја продала како жена. Случајот завршил со апсење на 25-годишниот маж.

Девојката била пронајдена на улица додека бегала од човекот кој штотуку ја претепал. Минувач повикал помош и се јавил на бројот 112, па карабинерите веднаш пристигнале, јавуваат босанските медиуми.

Малолетничката, како што е информираат од тамошната полиција, била донесена во Италија за да биде предадена како „сопруга“ за одреден паричен износ.

Девојката била хоспитализирана, но, во меѓувреме е пуштена. Таа им сведочела на карабинерите дека мажот ја претепал најмалку шест или седум пати.

Обвинителот во Италија наредил апсење на 25-годишникот, кој е осомничен не само за злоупотреба и нанесување телесни повреди, туку и за сексуални дејствија со малолетно лице. Поради ова кривично дело, обвинителството побарал тој веднаш да биде однесен во затвор.