Утре претежно сончево, викендот посвежо со слаби локални врнежи

Времето утре ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност.

од desk4
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Во утринските часови, по одделни котлини, ќе постојат услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 13 степени.

Во Скопје се очекува сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4 степени, а максималната ќе достигне околу 9 степени.

За време на викендот следува промена на времето, ќе преовладува променливо облачно и постудено време, со појава на локални слаби врнежи. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините се очекува снег.

Дневните температури ќе имаат тенденција на опаѓање, а од средината на следната седмица се најавува стабилизирање на времето со суви услови.