САД заплениле уште еден танкер во Карипското Море за кој тврдат дека е поврзан со Венецуела

Во рамки на засилените мерки против венецуелската нафтена индустрија, американските сили извршија нова заплена на танкер со нафта во Карипското Море, за кој Вашингтон тврди дека е поврзан со Венецуела.

од desk4
9 прегледи Фото: Printscreen/Youtube/Bloomberg Originals

Американските сили во Карипското Море заплениле уште еден танкер со нафта кој е под санкции, а за кој администрацијата на Доналд Трамп тврди дека е поврзан со Венецуела, пренесе N1info.rs

Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, објави на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно минувал низ венецуелски води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани пловила во Карипскиот регион, воведен од Трамп.

Ноем објави и кратко видео за кое се чини дека ја прикажува заплената на бродот. На црно-белата снимка се гледаат хеликоптери како лебдат над палубата на трговскиот брод, додека вооружени војници со јаже се спуштаат на палубата.

Танкерот „Вероника“ е шестиот брод што американските сили го заплениле во рамки на напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да воспостави контрола врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелските нафтени производи, и трет по ред откако САД, во неочекувана ноќна акција пред речиси две недели, го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.