Одржан состанок „посветен на реформската агенда“ во Владата

Мицкоски наведе дека биле разменети мислења и предлози со цел поефикасна имплементација и подобра координација меѓу сите вклучени страни

од Vladimir Zorba
33 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Во Владата денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој присуствувале повеќе министри заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

-Денеска одржавме состанок посветен на реформската агенда, на кој се разговараше за тековните приоритети, предизвици и следните чекори за унапредување на реформските процеси, стои во објавата на премиерот на Фејсбук страницата.

Мицкоски наведе дека биле разменети мислења и предлози со цел поефикасна имплементација и подобра координација меѓу сите вклучени страни.